Во Русија продолжуваат опозиционите демонстрации

Опозиционите групи во Русија денеска соопштија дека имаат намера да продолжат со протестите против резултатите од четвртите парламентарни избори. Вчера во Москва беа притворени 560 а во Санкт Петерсбург 250 демонстранти.
Тие преку социјалните мрежи повикуваат на протести секоја вечер во 19 часот против „ „измамниците и крадците“ како што ја нарекуваат партијата Обединета Русија на премиерот Владимир Путин.