Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески демантира дека Министерството за транспорт веќе има готов текст на закон за медиуми. Тој посочи дека денеска само се одржува јавна презентација на потребата од усогласување на македонското законодавство со Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги на ЕУ и со препораките и стандардите на Советот на Европа и на Европската комисија, нотирани во Извештајот за напредокот на Македонија.
Јанакиески вели дека во наредниот период ќе се испита потребата од измени на постојната регулатива или носење ново законско решение.
Претседателот на Здружението на новинари на Македонија Насер Селмани изјави дека ЗНМ поддржува дебата за потреба од хармонизација на законодавството на Македонија со европските директиви, но „ништо надвор од тоа“.