Тешки времиња за ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускот претседател Никола Саркози

На Еврозоната и се заканува намалување на кредитниот рејтинг. Лидерите на Франција и Германија предлагаат промени во европскиот договор за постигнување поголема финансиска дисциплина за кои ке се разговара на самитот на ЕУ во петок.
Агенцијата за кредитен рејтинг Стандард и Пурс се закани дека ќе го намали кредитниот рејтинг на земјите члeнки на еврозоната. Агенцијата размислува на таков чекор поради систематските стресови и случувањата во еврозоната во последните две недели. Според агенцијата, лидерите на ЕУ исто така потфрлиле во изнаоѓањето адекватен план за справување со кризата.
Ние сакаме автоматски санкции во случај да не се почитуваат правилата на поставување дефицит под 3 насто. И бараме само квалификувано мнозинство да може да го опонира тоа. Тоа е во спротивност со она што се случува денеска.
Никола Саркози, претседател на Франција.

Одлуката ќе опфати 6 земји кои имаат кредитен рејтинг ААА, меѓу кои и Германија. Ним рејтингот ќе им бил намален за еден степен, додека за 9 други, меѓу кои и Франција, од ААА би можеле да паднат и за 2 степени. Две земји од еврозоната не се ставени на разгледувања и тоа Кипар, чиј рејтинг веќе беше намален и Грција која го има најлошиот рејтинг во светот ЦЦ.

Реагирајќи на веста, францускиот претседател Никола Саркози и германската канцеларка Ангела Меркел издадоа соопштение во кое се наведува дека тие и европските партнери се решени да бидат преземени сите мерки за да се обезбеди стабилност на Еврозоната. Меркел и Саркози бараат пред се финансиска дисциплина во Еврозоната.

„Ние сакаме автоматски санкции во случај да не се почитуваат правилата на поставување дефицит под 3 насто. И бараме само квалификувано мнозинство да може да го опонира тоа. Тоа е во спротивност со она што се случува денеска“, изјави Саркози, кој заедно со Меркел предложија казни за владите кои нема да успеат да го држат дефицитот под контрола.

Нивен предлог е да се побрза и со воспоставување перманентен пакет помош за државите во криза. Тоа значи промена во договорот на Европската унија и ќе биде ставено на дискусија на самитот на ЕУ во петок.