Кандидатот за премиер на Кукурику коалицијата,лидерот на Социјалистичката партија Зоран Милановиќ по првите неофицијални резултати од парламентарните избори им порача на граѓаните дека нема да ги изневери, како и оти коалицијата на левиот центар ќе гради пријателски односи во регионот .Според првите неофицијални резулатати на Државната изборна комисија,коалицијата на левиот центар Кукурику коалицијата освоила 77 мандати,а до сега владеачката Хрватска демократска заедница 47 мандати. Околу 4,1 милион жители на Хрватска, како и уште околу 400.000 хрватски државјани кои живеат во странство, од кои најголемиот дел од Босна и Херцеговина вчера гласаа за 151 член на Саборот.