Скопјани да седат дома - загаденоста на воздухот опасна по здравјето

Воздухот во Скопје и денеска е на ниво опасно по здравјето на луѓето, покажуваат резултатите од мерењата на веб-страницата „Скопје дише“. Индексот на загадување во 11:22ч., бил 339, што е далеку над прифатливите максимални вредности. Им се препорачува на сите луѓе во Скопје да избегнуваат секаква физичка активност надвор.