Каде е мистериозната белешка на тигарот Спасов?

Протестите против полициска бруталност на 10 јуни 211 во Скопје.

„Јас ќе лежам за убиство другарче, ама и они за одговорност“, му се обрати обвинетиот Спасов на својот командир, Игор Божиновски.
Специјалецот Игор Спасов, обвинет за убиството на младиот Мартин Нешкоски за време на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ на 5 јуни на плоштадот Македонија во Скопје, на денешното рочиште се се соочи со неговиот претпоставен, Командирот на единицата. На соочувањето, командирот Игор Божиновски тврдеше дека Спасов бил на работа до 23:30, додека, пак, Спасов тврди дека немале крај на работно време. Специјалецот, сепак си направил фотокопија од службената белешка, што ја доставил до надлежните, за тоа што се случувало вечерта на прославата, но на рочиштето се испостави дека белешката е исчезната.
Не ли гледаш дека те дават. И мене ме дават и тебе. Јас сум ти пријател, јас не те давам. Само кажи ја вистината. Јас ќе лежам за убиство другарче, ама и они за одговрност.
Игор Спасов, обвинет за убиството на Мартин Нешкоски.

Спасов побара од својот претпоставен да ја каже вистината и ништо повеќе.

„Не ли гледаш дека те дават. И мене ме дават и тебе. Јас сум ти пријател, јас не те давам. Само кажи ја вистината. Јас ќе лежам за убиство другарче, ама и они за одговрност“, му се обрати обвинетиот Спасов на својот командир, Игор Божиновски.

Протести против полициска бруталност, поради убиството на Мартин Нешкоски, на 10 јуни во Скопје.


Семејството на Нешкоски предложи два нови сведоци. И Спасов исто така предложи нови сведоци, вкупно шест, со што процесот се пролонгира. Следното рочиште е закажано за 19-ти месецов. ​Адвокатот на Игор Спасов, Бане Андреев вели дека јасно се гледа дека Спасов бил ангажиран работно.

„Затоа и лицето со кое се соочуваше, неговиот колега, не можеше да одговори на голем број на прашања, или велеше не сум јас тој или велеше не знам.“

Ја повикуваме јавната обвинителка, во согласнот со нејзините надлежности кои призлегуваат од законот за кривична постапка да пристапи кон проширување на обвинителниот акт.
Воислав Стојановски, Движење „Стоп за полициската бруталност“.
Адвокатите на семејството Нешкоски, пак, велат дека „белешката“ може да докаже само дали Спасов бил на работа во моментот кога се случил настанот и постапувал во име на држвата.

„Дали постапувла во име на државата или не постпаувал, дали бил работно ангажиран или не, стојат дејствијата кои тој ги сторил, а негова е одлуката како ќе се брани, во тој правец беше тоа побара“, велат застапниците на семејството Нешкоски.

Иако беше најавен протест пред судот, каде што се одржува рочиштето, сепак дојдоа мал број на луѓе. Иницијатор на протестот беше Движењето „Стоп за полициската бруталност“. Од Движењето велат процесот треба да се прошири и да се обвинат и другите инволвирани во случајот.

„Сомнежите не само што се потврдија туку и се засилија, поради тоа ја повикуваме јавната обвинителка, во согласнот со нејзините надлежности кои призлегуваат од законот за кривична постапка да пристапи кон проширување на обвинителниот акт, за да не дозволи да се развијат нови сомнежи за независното и законското работење на инстируциите на системот“, изјави Воислав Стојановски од Движењето „Стоп за полициската бруталност“.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Случај Нешкоски: Ќе има ли и други обвинети?