Се зголемуваат тензиите во Јужна Осетија

Поддржувачите на Ала Џиоева протестираат во Цхинвали.

Обезбедувањето на зградата на Државната изборна комисија во Јужна Осетија испукало преупредувачки куршуми во воздух за да ја растера толпата демонстранти. Стотици приврзаници на дисквалификуваната кандидатка за претседател на Јужна Осетија, Ала Џиоева, демонстрираат денеска во главниот град Цхинвали против одлуката на судот со која и е одземена победата на претседателските избори. Покрај тоа, парламентот не и дозволи на Џиоева повторно да се кандидира на претседателските избори кои се презакажани за во март догодина. Таа денеска изјави дека се смета за претседател на Јужна Осетија и дека планира да формира владин совет. Нејзин против-кандидат на изборите беше Анатолиј Бибилов, кој имаше подршка од Москва.