Карл Билт предлага ЕУ и Косово да разговараат за северот

Министерот за надворешни работи на Шведска, Карл Билт

Министерот за надворешни работи на Шведска, Карл Билт предложил истовремено со одржувањето на разговорите меѓу Косово и Србија за техничките прашања, да се одржуваат и разговори ЕУ-Косово, како би се дошло до решение за северот.
Косовските медиуми пренесуваат дека Билт во писмото кое го упатил до Комесарот за безбеднссот и надворешна политика Кетрин Ештон, и до Комесарот за проширување Штефан Филе, истакнал дека северот на Косово сега е одвоен од останатиот дел на Косово повеќе отколку било кога, и поради тоа ЕУ е исправена пред два предизвици-да инсистира на одбивањето на поделбата на Косово но и да најде применливо решение за северот.