Обнова на преговорите меѓу Молдавија и Придњестровие

Сепаратистичкиот лидер на Придњестровие Игор Смирнов.

Молдавскиот премиер Влад Филат соопшти дека разговорите за отцепениот регион Придњестровие треба да продолжат наредната недела во Литванија. Од кабинетот на премиерот соопштуваат дека одлуката за рестартирање на преговорите била донесена на вчерашната средба меѓу Филат и сепаратистичкиот лидер Игор Смирнов во градот Тигхина, што е под контрола на сепаратистите. ОБСЕ посредуваше на средбата.

Разговорите за статусот на Придњестровие беа прекинати во 2006 година. Областа се отцепи од Моладвија во 1990 година, по што до 1992 година имаше војна во која загинаа околу 1.500 луѓе.