Освен што на Денот на дрвото ќе се садат дрва, ќе се пишуваат и писма и ќе се собираат потписи во одбрана на македонскиот јазик, култура, историја. Според експертите, станува збор за злоупотреба на администрацијата.
Акцијата Ден на дрвото, се проширува. Овојпат нема да остане само на садење дрва, ќе се пишуваат и писма. Осмата по ред акција за садење на иднината, која ќе се одржи во среда, ќе се одвива под слоганот „Садиме денес - пишуваме и праќаме писмо на мирот!“. Водечкот настан на кампањата е „Писмото на љубовта, почитта и пријателството - засади мир, пријателство и љубов“.
„Писмото е исто така силна порака дека не дозволуваме да бидеме обезимени и дека не би дозволиле таква неправда да биде нанесена никому, не само нам“, вели Кристина Николовска од Граѓанското здружение Ден на дрвото.
Писмата повторно се вратија на сцена по објавувањето на Извештајот за непредокот на Македонија кон ЕУ. Протестирајќи заради испуштањето на придавката „македонски“ во Извештајот, писма напишаа разни институции, федерации, здруженија, спортски клубови, селски задруги, невладини организации, поедници. На социјалните мрежи луѓето се потсмеваа на тема „писмофилија“. Потоа луѓето се потпишуваа на Манифестот за Македониумот.
Следното во низата се потписите, кои на Денот на дрвото, луѓето треба да ги остават во тетратки кои ќе бидат оставени на местото кај ќе се садат дрвцата. Прво ќе ја засадат иднината, па со потпис ќе ги бранат македонскиот јазик, историјата, културата. По оддржувањето на акцијата, потписите ќе бидат испратени до Обединетите нации и до Европската комисија.
Наместо политичарите и институциите да си ја работат работата, се искористуваат националните чуства на граѓаните, коментираат експертите. Тие велат дека луѓето имаат легитимно, демократско право, да ги изразат своите ставови, но тоа не треба да се злоупотребува.
Професор Здравко Савески вели дека национализмот е еден од најиспробаните методи за одвлекување на вниманието на граѓаните од реалните проблеми. Владата успеа од Извештајот кој содржи доста негативни оценки за нивната работа, да го извлече сегментот за именување на јазикот, тој сегмент е важен, но не е единствен, вели Савески.
„Успеа да ја наметне темата за јазикот, а не дебатата колку ние можеме и треба да работиме за да се подобри досието на Македонија.“
Институциите се тие кои треба да ја преземат иницијативата, да бранат и да застапуваат одредени јавни интереси, овојпат настана едно искривување на фокусот, вели комуникологот Сеад Џигал.
„Граѓаните и здружението имаат право да реагираат како и да е, но се работи за едно изместување на фокусот, и друго, дали постои политичка координација, политички импулс зад тоа. Малку наликува на некои бивши времиња, каде што такви да речеме, асоцијации беа покритие за критички агенди.“
Легитимно е луѓето спонтано да се соберат и да го изразат својот став, но тука Владата е таа што иницира и поддржува, вели комуникологот Петар Арсовски.
„Јавната администрација која оди на садење дрвца по службена должност и притоа е приморана да потпише некаква декларација за заштита на македонскиот идентитет што во основа не влегува во описот на нивната работна задача, тука се случува злоупотреба.“
Писмото на љубовта, почитта и пријателството - засади мир, пријателство и љубов, содржи недвосмислена и јасна порака дека преку засадувањето со свои раце ќе кажеме дека засадуваме не само дрвца, туку и пријателство, добрососедство, толеранција и взаемна почит, велат од Здружението Ден на дрвото.
Писмото е исто така силна порака дека не дозволуваме да бидеме обезимени и дека не би дозволиле таква неправда да биде нанесена никому, не само нам.Кристина Николовска, Граѓанско здружение Ден на дрвото.
„Писмото е исто така силна порака дека не дозволуваме да бидеме обезимени и дека не би дозволиле таква неправда да биде нанесена никому, не само нам“, вели Кристина Николовска од Граѓанското здружение Ден на дрвото.
Писмата повторно се вратија на сцена по објавувањето на Извештајот за непредокот на Македонија кон ЕУ. Протестирајќи заради испуштањето на придавката „македонски“ во Извештајот, писма напишаа разни институции, федерации, здруженија, спортски клубови, селски задруги, невладини организации, поедници. На социјалните мрежи луѓето се потсмеваа на тема „писмофилија“. Потоа луѓето се потпишуваа на Манифестот за Македониумот.
Граѓаните и здружението имаат право да реагираат како и да е, но се работи за едно изместување на фокусот, и друго, дали постои политичка координација, политички импулс зад тоа. Малку наликува на некои бивши времиња, каде што такви да речеме, асоцијации беа покритие за критички агенди.Сеад Џигал, комуниколог.
Следното во низата се потписите, кои на Денот на дрвото, луѓето треба да ги остават во тетратки кои ќе бидат оставени на местото кај ќе се садат дрвцата. Прво ќе ја засадат иднината, па со потпис ќе ги бранат македонскиот јазик, историјата, културата. По оддржувањето на акцијата, потписите ќе бидат испратени до Обединетите нации и до Европската комисија.
Наместо политичарите и институциите да си ја работат работата, се искористуваат националните чуства на граѓаните, коментираат експертите. Тие велат дека луѓето имаат легитимно, демократско право, да ги изразат своите ставови, но тоа не треба да се злоупотребува.
Професор Здравко Савески вели дека национализмот е еден од најиспробаните методи за одвлекување на вниманието на граѓаните од реалните проблеми. Владата успеа од Извештајот кој содржи доста негативни оценки за нивната работа, да го извлече сегментот за именување на јазикот, тој сегмент е важен, но не е единствен, вели Савески.
„Успеа да ја наметне темата за јазикот, а не дебатата колку ние можеме и треба да работиме за да се подобри досието на Македонија.“
Институциите се тие кои треба да ја преземат иницијативата, да бранат и да застапуваат одредени јавни интереси, овојпат настана едно искривување на фокусот, вели комуникологот Сеад Џигал.
„Граѓаните и здружението имаат право да реагираат како и да е, но се работи за едно изместување на фокусот, и друго, дали постои политичка координација, политички импулс зад тоа. Малку наликува на некои бивши времиња, каде што такви да речеме, асоцијации беа покритие за критички агенди.“
Легитимно е луѓето спонтано да се соберат и да го изразат својот став, но тука Владата е таа што иницира и поддржува, вели комуникологот Петар Арсовски.
„Јавната администрација која оди на садење дрвца по службена должност и притоа е приморана да потпише некаква декларација за заштита на македонскиот идентитет што во основа не влегува во описот на нивната работна задача, тука се случува злоупотреба.“
Писмото на љубовта, почитта и пријателството - засади мир, пријателство и љубов, содржи недвосмислена и јасна порака дека преку засадувањето со свои раце ќе кажеме дека засадуваме не само дрвца, туку и пријателство, добрососедство, толеранција и взаемна почит, велат од Здружението Ден на дрвото.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5