Косово, размена на територии!

Во последно време зачестија најавите за можна спогодба за заедничко управување на границата меѓу Косово и Србија. Тоа во Приштина предизвика и поинакви идеи за редефинирање на границата меѓу двете земји.
Пратеникот на најголемата опозициска партија, Демократскиот сојуз на Косово, Љутви Хазири побара да се иницира прашањето за редефинирање на границите. Според него, на таков начин, еднаш засекогаш би се решил тој проблем, што ќе значи и крај на непријатилствата меѓу двете земји.
Треба да се пронајде некој друг модел со кој би биле задоволни и двете страни. Со тоа ќе биде прекинат овој лажен технички дијалог и ќе се отвори дијалог за редефинирње на границата.
Љутви Хазири, пратеник од Демократскиот сојуз на Косово.

„Треба да се пронајде некој друг модел со кој би биле задоволни и двете страни. Со тоа ќе биде прекинат овој лажен технички дијалог и ќе се отвори дијалог за редефинирње на границата. Напорите на Србија беа да го спречи создавањето на Република Косово, но тоа не успеа, а сега треба да го спречиме обидот за поделба на Косово“, вели Хазири

Љутви Хазири

.

Тој додава дека Србија веќе не сака да разговара за источно Косово, туку само за северот и за територијалните и политичките права на тамошните Срби. Тој смета дека властите на Косово не можат да ги принудат Србите да живеат во државата Косово. Според тоа, како што додава, постои можност да бидат разгледани границите кои постоеле уште во 1956 година. Врз основа на тие граници во косовската територија биле и Прешево, Медвеѓе и Бујановац, општини кои сега и припаѓаат на Србија. Од друга страна, на Србија и припаднаа и општините на северот на Косово.
Владата ќе продолжи во целост да го почитува Уставот и законите со цел зачувување на територијалниот интегритет.
Хашим Тачи, премиер на Косово.

На оваа изјава реагираше косовскиот премиер Хашим Тачи кој, опцијата за размена на територии ја оцени како загрижувачка, особно поради тоа што доаѓа од втората по големина партија на Косово. Тачи наведе дека тоа не ја загрижува само владата на Косово, туку и меѓународната заедница. Затоа, тој побара од Демократскиот сојуз да објасни колку изјавите на Хазири биле лични или пак претставуваат партиски став.

„Ги поддржувам идеите за слободно размислување, но сметам дека со ова се покренуваат прашања кои треба да бидат одговорени во Собранието на Косово. Владата ќе продолжи во целост да го почитува Уставот и
законите со цел зачувување на територијалниот интегритет.“

За разлика од премиерот Тачи, за заедничко управување на границата со Србија, шефот на српскиот преговарачки тим Борислав Стефановиќ наведува дека не станува збор за тоа, бидејќи за Србија таква граница воопшто не постои.

„За да дојде до заедничко управување на границата треба најпрвин границата меѓусебно да биде признаена од Белград и Приштина“, вели претседателот на косовското собрание Јакуп Красниќи, додавајќи:

„Тоа беше случај и со Македонија. По одредувањето на границата со Македонија дојде и до заедничко управување на границата. Потребно е тоа да се стори и со Србија.“