Сирија - Арапската лига е алатка на Западот

Шефот на сириската дипломатија Валид ал-Моалем.

Шефот на сириската дипломатија Валид ал-Моалем ја обвини Арапската лига дека е „алатка“ што Западот ја користи да го доведе прашањето за Сирија пред Советот за безбедност на ОН. Овие забелешки доаѓаат откако Арапската лига го суспендираше членството на Сирија и ги одби предложените амандмани од Дамаск за измени и дополнување на планот што треба да стави крај на насилствата во земјата.