Забранет реформистички весник во Иран поради „ширење лаги“

Водечкиот реформистички весник во Иран „Етемаад“.

Водечкиот реформистички весник во Иран „Етемаад“ е забранет на два месеци поради „ширење лаги“, објави иранската државна новинска агенција ИРНА. Нема дополнителни информации за затворањето, но Етемаад неодамна објави интервју со Али Акбар Џаванфекр, советник за медиуми на претседателот Махмуд Ахмадинеџад, во кое тој ја критикува конзервативната опозиција во земјата. Нетрпеливоста меѓу Ахмадинеџад и радикалните структури во земјата се продлабочи во последните месеци и станува чувствително прашање во пресрет на парламентарните избори што треба да се одржат во март. Весникот Етемаад е забануван неколку пати во изминатава деценија.