Министерот за надворешни работи Попоски во посета на Данска

Министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе престојува во еднодневна посета на Данска каде ќе се сретне со својот дански колега Вили Совндал, како и со министерот за европски прашања Николаи Вамен. На 1 јануари 2012 година Данска го презема шестмесечното претседателство со Европската унија. Тоа ќе биде седми пат како оваа држава е на чело на ЕУ од нејзиното зачленување во 1973 година