Еден споменик помалку можеше да ги подобри состојбите во здравството, велат експертите кои наместо шетање советуваат министерот да издејствува повеќе пари од буџетот.
Требаше ли првиот човек во здравство да ја посети клиничката болница во Штип за да сфати дека условите во здравствените установи во земјата се катастрофални? Недостигот на медицинска опрема, нехигиената, непочитувањето на законот за забрана на пушењето, спиењето за време на дежурства, не е новост, велат некои од поранешните министри за здравство.
Поранешниот министер за здравство Ѓорѓи Орвовчанец обвинува дека актуелната влада нема намера да ги подобри состојбите во здравството и дека не држи оправдувањето оти за да се видат реформите во овој сектор треба да помине повеќе време.
„Она што сега министерот шета, тоа не е работа на министерот, тој може да добие извештај за состојбата и немора да шета и да тој да оди и да казнува некој што пуши. Мислам ова е надвор од логиката.“
Со ваквиот однос, на пат сме да го уништиме јавното здравство, предупредува Оровчанец.
„Еден споменик што го направија можеа еден куп вакви проблеми да затворат. Односот на владата е класичен однос на една Влада која го смета здравството за трговско друштво.“
За разлика од ваквите размислувања, претходникот на Тодоров, Бујар Османи од ДУИ вели дека е вечна борбата помеѓу минисерот за здравство и финансии, односно дека во неговиот мандат се обидел да извлече повеќе средства од буџетот за секторот здравство. Според Османи, се работи за голем сектор со огромни побарувања, а тековните трошоци во здравството на годишно ниво растат за 10 проценти, пред се поради инвестициите во нова технологија и порастот на животниот век. Во такви услови не може да очекувате дека промените во здравството ќе се случат преку ноѓ и оти одеднаш ќе бидат реновирани 113 јавни здравствени установи, вели Османи.
Независно од тоа кој го раководи секторот здравство, пари за овој сектор
никогаш доволно нема, вели поранешниот заменик министер за здравство Владимир Лазаревик. Во исто време, трошоците за здравството непропорционално се зголемуваат со стандардот на живеење.Реформите во здравството треба да предвидат и поинаков начин на менаџирање на здравствените установи, сугерира Лазаревик.
„Ние денеска имаме една апсурдна ситуација во која што министерот за здравство практично е во улога на директор на болница. Значи она што го направи министерот во Штип не е работа на министер за здравство, не е работа на министерот да оди од одделенија до одделенија, тоа е работа на самата болница, на инспекторските служби кои треба да констатираат дали требало да се отвори такво одделение кое не ги исполнува условите. Се разбира дека е неопходно да се одвојат повеќе средства, меѓутоа не е секогаш само пари да се одвојат, туку има и многу повеќе работи што треба да се спроведат за да може една болница, една здравствена единка да стане вистински функционална и да работи на принципите на коишто работата денес приватните болници.“
Инаку, во предлог буџетот за следната година се издвојуваат повеќе средства за здравството. За разлика од тековната година година во која се издвоени повеќе од три милјарди сто дваесет и осум илјади денари, за следната година се предлага буџет од над пет милијарди петстотини дваесет и осум илјади денари, но за сметка на зголемените средства во здравствениот сектор, предвидени се и зголемени расходи од заеми.
Еден споменик што го направија можеа еден куп вакви проблеми да затворат.Ѓорѓи Оровчанец, поранешен министер за здравство.
Поранешниот министер за здравство Ѓорѓи Орвовчанец обвинува дека актуелната влада нема намера да ги подобри состојбите во здравството и дека не држи оправдувањето оти за да се видат реформите во овој сектор треба да помине повеќе време.
„Она што сега министерот шета, тоа не е работа на министерот, тој може да добие извештај за состојбата и немора да шета и да тој да оди и да казнува некој што пуши. Мислам ова е надвор од логиката.“
Со ваквиот однос, на пат сме да го уништиме јавното здравство, предупредува Оровчанец.
„Еден споменик што го направија можеа еден куп вакви проблеми да затворат. Односот на владата е класичен однос на една Влада која го смета здравството за трговско друштво.“
Независно од тоа кој го раководи секторот здравство, пари за овој сектор
Ние денеска имаме една апсурдна ситуација во која што министерот за здравство практично е во улога на директор на болница. Значи она што го направи министерот во Штип не е работа на министер за здравство, не е работа на министерот да оди од одделенија до одделенија, тоа е работа на самата болница.Владимир Лазаревик, поранешен заменик министер за здравство.