Светска банка двојно попесимистична од Ставрески

Лилија Бурунчук, директор на канцеларијата на Светската Банка во Македонија.

Светската банка прогнозира раст на економијата на Македонија од три проценти за годинава и 2,5 отсто за следната година. Таквите проекции се содржани во денеска презентираниот нов Редовен економски извештај за Југоисточна Европа, во кој се предвидува спор раст на економиите во регионот.

Нивната проценка, драстично се разликува до очекувањата на македонската влада. Според владините проекции, македонската економија догодина ќе порасне речиси двојно повеќе од проценките на Светската банка, односно 4,5 проценти.