Собранието не ги изгласа измените на законот за пратеници

собрание дебата

Собранието синоќа не го изгласа Предлог законот за дополнување на Законот за пратеници поднесен од опозицијата.

На расправата се размуваа тези и ставови во врска со предлогот на опозицијата и наводите дека пратеници од владејачкото мнозинство потпишале меници за лојалност.

Пратениците од владеачката ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека опозицијата без докази измислила приказна за меници за лојални пратеници.
Горан Мисовски од НСДП тврдеше дека пратениците од владејачкото мнозинство потпишале три документи, меници и бланко оставка. Мисовски упати низа критики за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеникот Тито Петковски, како предлагач на законот, рече дека очекувал да биде навредуван и оти дводневната дискусија не била меѓу конкуренти туку меѓу непријатели.

За Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, целта на Петковски била да ги девалвира пратениците, и оти тој ќе остане запаметен како првиот пратеник кој направи закон за да понижи и навреди пратеници.

Пратениците во текот на дебатата постојано си упатуваа меѓусебни навреди.