Сали Бериша во посета на Македонија

Сали Бериша

Претседателот на Владата на Албанија Сали Бериша денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија. Тој ќе се сретне со својот домаќин и колега, премиерот Никола Груевски, а ќе биде примен од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. Предвидена е и средба со претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Бранко Црвенковски.
За време на престојот во земјава, Бериша ќе има средба со раководството на Државниот универзитет во Тетово, а пред студентите ќе одржи предавање во врска со прашањата за Балканот и евро-атланските интеграции.