Средба на премиерите на земјите членки на Шангајската организација

Владимир Путин и Вен Џибао

Премиерите на земјите членки на Шангајската организација за соработка денеска ќе се сретнат во Сант Петербург, Русија. За време на собирот предвидени се и билатерални разговори меѓу рускиот премиер Владимир Путин и неговиот кинески колега Вен Џибао. Путин предвидено е да се сретне и со премиерот на Пакистан Јосуф Раза Гилани. Шангајската организација била основана пред 10 години а во неа членуваат Кина, Казахстан, Киргистан, Русија, Таџикистан и Узбекистан. На средбите на земјите членки се разговата за безбедносни и прашања за економска соработка.