Претседателот Иванов во посета на Хрватска

Претседателите Иво Јосиповиќ и Ѓорге Иванов во Скопје, јули 2011.

Претседателот Ѓорге Иванов од денеска престојува во дводневна официјална посета на Хрватска, на покана од неговиот хрватски колега Иво Јосиповиќ. Предвидени се одделни средби на претседателот Иванов со потпретседателот на хрватскиот Сабор Владимир Шекс, со министерот за надворешни работи Гордан Јондроковиќ, како и со Зоран Милановиќ, лидерот на опозициската Социјалдемократска партија. Македонскиот претседател ќе има обраќање и пред стопанственици, претставници на фирми од Хрватска што работат во Македонија. Во рамките на посетата е најавено дека ќе биде потпишан договор за екстрадиција меѓу Македонија и Хрватска.