Напаѓач со автоматско оружје денеска отворил оган врз американската амбасада во Сараево, по што интервенирала полицијата и го застрелала напаѓачот. Според сеуште непотврдени информации, имало и уште неколку повредени лица. Од американската амбасада во Сараево, која е лоцирана во центарот на градот, го потврдија инцидентот, додавајки дека во амбасадата никој не бил повреден.