Меѓународниот „притисок“ заедно со домашниот ангажман, влева надеж за подобрување на состојбата со медиумите во Македонија, сметаат експертите.
Надеж влева постетата на претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ, Дуња Мијатовиќ, како и на другите меѓународни медиумски претставници во изминатиов период дека состојбата со медиумите во земјава ќе тргне на подобро. Мијатовиќ изјави дека нејзината главна цел е да го заштити професионалното новинарство и од власта да побара на новинарите да им овозможи правна рамка за непречено вршење на работата. Директорката на МИМ, Биљана Петковска вели дека е многу важно иницијативите и предлозите за решенија на состојбата да доаѓаат од медиумската заедница во кои би биле вклучени преставници на сите
засегнати страни.
„Доколку ние не направиме еден минимален консензуз на ниво на медиумската заедница за минималните работи за коишто сите ќе се согласат, неможеме да очекуваме придвижување, се друго ќе биде наметнување на готови решенија итн.“
Комуникологот Весна Шопар вели дека се надева оти посетите од овој вид ќе имаат позитивен ефект и добро е што во меѓувреме се активираа и медиуските здруженија околу прашањата во врска со слободата на медиумите.
„Ако ги споиме и двете нешта, и овие посети и „притисокот“ на меѓународната заедница и она што бројни субјекти се активирани и
ангажирани на домашен план јас се надевам дека тоа би требало да резултира со определени промени во сферата на медиумите во Македонија.“
Мијатовиќ изјави дека проблемот со медиумите во земјава е очигледен, за разлика од премиерот Никола Груевски кој тврдеше дека е наводен. Посетата на Мијатовиќ може да ги придвижи работите. Најпрвин медиумската заедница треба да се организира и да покаже консензус за
нејзините приоритети, додава Петковска.
„А потоа доколку тој консензус е на ниво на доминантниот дел од медиумската заедница мислам дека процесот на барање одговорност од владата во делот каде што државата е одговорна за проблемите, ќе биде многу полесен.“
Шопар смета дека владата не треба само да ги слушне забелешките за состојбата со медиумите и клучното прашање што се поставува е дали ќе се преземат конкретни мерки.
„Не дека немало волја туку ние имаме проблем кај нас на имплементација на она што е законски поставено, а сега би требало да очекуваме ако ништо друго барем во вистинска смисла на зборот имплементација на законските решенија иако и тие може да се менуваат.“
Мијатовиќ денеска ќе има средба со медиумите каде ќе ги соопшти препораките и предлозите за надминување на проблемите во медиумите.
Ако ги споиме и двете нешта и овие посети и „притисокот“ на меѓународната заедница и она што бројни субјекти се активирани и ангажирани на домашен план јас се надевам дека тоа би требало да резултира со определени промени во сферата на медиумитeВесна Шопар, комуниколог
засегнати страни.
„Доколку ние не направиме еден минимален консензуз на ниво на медиумската заедница за минималните работи за коишто сите ќе се согласат, неможеме да очекуваме придвижување, се друго ќе биде наметнување на готови решенија итн.“
Комуникологот Весна Шопар вели дека се надева оти посетите од овој вид ќе имаат позитивен ефект и добро е што во меѓувреме се активираа и медиуските здруженија околу прашањата во врска со слободата на медиумите.
„Ако ги споиме и двете нешта, и овие посети и „притисокот“ на меѓународната заедница и она што бројни субјекти се активирани и
Мијатовиќ изјави дека проблемот со медиумите во земјава е очигледен, за разлика од премиерот Никола Груевски кој тврдеше дека е наводен. Посетата на Мијатовиќ може да ги придвижи работите. Најпрвин медиумската заедница треба да се организира и да покаже консензус за
Доколку ние не направиме еден минимален консензуз на ниво на медиумската заедница за минималните работи за коишто сите ќе се согласат, неможеме да очекуваме придвижувањеБиљана Петковска, директор на МИМ