Се уште без решение за дивите пазарџии кои на црно продаваат земјоделски и текстилни производи на паркингот до пазарот кај Нова Битола.
Дошло дури до физичка пресметка меѓу нив и обезбедувањето на пазарот кога концесионерите се обиделе да ги отстранат. Ваквата ситуација предизикува револт кај другите пазарџии кои редовно плаќаат такса за тезгите и најавуваат ако не се најде решение ќе организираат протести со
блокади по улиците.
„Дивите продавачи нека влезат внатре во пазарот тезги има слободни. Ни градоначалникот води сметка, ни концесионерот. Градоначалникот вели концесионерот ги пушта, концесионерот вели градоначалникот ги пушта да влегуваат внатре. Еден на друг ја префрлуваат топката.“
„Две години се бориме со дивите тезгаџии, често одиме кај комуналната инспекција за она што се случува на овој пазар. Ова се неплаќачи, неколку пати имаме пријавено, но одговор немаме добиено.“
Концесионерот Љупчо Стојчевски вели дека маки мачат со дивите тезгаџии, но според договорот со локалната самоуправа овие продавачи ќе останат на паркингот се додека во градот не се отвори кванташки пазар.
„Не можеме да се бориме секојдневно со нив. Пред еден месец создадовме услови и ги сместивме на тезгите. Но, тоа траеше една недела. Обезбедувањето интервенираше и дојдовме до физички пресметки. Лично се јавив во полиција да помогнат, но не наидов на разбирање“, вели Стојчевски.
Освен продавачите на црно, нелојална конкуреција им прават и панаѓурите кои се организираат на паркиралишта низ градот.
„Неколку пати во годината поставуваат тезги од понеделник до недела. Велат дека прават толку многу промет така што луѓето кои имаат тезги на пзарот два до три месеци остануваат без промет“, додава концесионерот на пазарот во Нова Битола.
блокади по улиците.
Дивите продавачи нека влезат внатре во пазарот тезги има слободни. Ни градоначалникот води сметка, ни концесионерот.Пазарџија од Битола.
„Дивите продавачи нека влезат внатре во пазарот тезги има слободни. Ни градоначалникот води сметка, ни концесионерот. Градоначалникот вели концесионерот ги пушта, концесионерот вели градоначалникот ги пушта да влегуваат внатре. Еден на друг ја префрлуваат топката.“
„Две години се бориме со дивите тезгаџии, често одиме кај комуналната инспекција за она што се случува на овој пазар. Ова се неплаќачи, неколку пати имаме пријавено, но одговор немаме добиено.“
Концесионерот Љупчо Стојчевски вели дека маки мачат со дивите тезгаџии, но според договорот со локалната самоуправа овие продавачи ќе останат на паркингот се додека во градот не се отвори кванташки пазар.
Не можеме да се бориме секојдневно со нив. Пред еден месец создадовме услови и ги сместивме на тезгите. Но, тоа траеше една недела. Обезбедувањето интервенираше и дојдовме до физички пресметеки.Љупчо Стојчевски, концесионер на пазарот во Нова Битола.