Невладини здруженија од Македонија и од Албанија, во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка, започнаа да работат на проект за заштита на животната средина.
Невладиниот сектор во Дебар во рамките на ИПА програмата е во тек на реализација на прекугранична соработка со невладини здруженија од Република Албанија. Здруженијата од Македонија и Албанија спроведуваат проект во сферата на животната средина, конкретно околу заштитата на природните извори на вода од двете страни на границата.
Кординаторот на Центарот за одржлив развој на заедницата во Дебар Гоце Лубиновски објаснува дека станува збор за мошне значаен проект со кој се очекува да се даде прилог во заштитата на животната средина во пограничните подрачја на Дебар и Пешкопеја.
„Центарот за одржлив развој на заедницата од Дебар и Националниот центар за локален развој од Тирана моментално го имплементираат проектот кој го финасира ИПА кој се состои од заштита на природните извори од двете страни од границата. Моментално се работи на прибирање на податоци и документи за тоа кои се изворите, потоа се работи на откривање кои се најголемите загадувачи на територијата во западниот регион на Македонија и источниот регион на Албанија, односно албанската општина Пешкопеја“, вели Лубиновски.
Во дебарскиот Центар за одржлив развој на заедницата, сметаат дека досегашните активности даваат резултати. Во втората фаза според кординаторот Лубиновски ќе има бројни активности и на структурите на централно ниво на Република Македонија и Република Албанија.
„До сега се одржани неколку работилници за давање на оценки за проблемот по спроведените анкети во двата погранични региони, преку прибирањето на податоците и нивното обработување. Во втората фаза од проектот ќе има и средби на претставници на централните институции на двете земји, а посебно Министерствата за животна средина.“
На подрачјето на општина Дебар која е погранична општина како главни еколошки пробелеми во однос на загадувањето на водите кои потоа се влеваат во Албанија се, Дебарското Езеро, Ваковска Река, водите од Системот за наводнување на Дебарското Поле и бројните диви депонии кои се покрај помалите реки. Во моментов, според здруженијата, слични проблеми имаат и на другата страна на границата.
Моментално се работи на прибирање на податоци и документи за тоа кои се изворите, потоа се работи на откривање кои се најголемите загадувачи на територијата во западниот регион на Македонија и источниот регион на Албанија.Гоце Лубиновски, Центар за одржлив развој.