Во училиште во Чаир, интегрирано образование

Министерот за образование Панче Кралев и високиот претставник за национални малцинства на ОБСЕ, Кнут Волебек, во посета на училиштето Рајко Жинзифов во населбата Топанско Поле.

Низ воннаставни активности, учениците ќе го учат јазикот на другата етничка заедница - интегрирано образование во училиштето „Рајко Жинзифов“ во Чаир.
Преку игра, со песна, најдобро се учи јазикот на другиот, културата, децата учат да се разберат и да живеат еден со друг, а не еден до друг. Ова е заедничкиот заклучок на вклучените во процесот за интегрирано обрзование, на политичарите и на високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства, по посетата на основното ичилиште Рајко Жинзифов каде има две паралалки во кои се спроведува овој процес.

Тие ќе учат да бидат еден со друг, да растат заедно и да учат заедно, не да растат еден до друг, туку еден со друг.
Кадри Агуши, директор на училиштето „Рајко Жинзифов“.
„Би кажал дека интегрираното образование е предизвик за цела Европа денеска. Го знам ова и од мојата земја, Норвешка, од каде што доаѓам каде што има многу етникуми и претставува предизвик да се вклопат сите тие етникуми во вакво образование“, изјави високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства Кнут Волебег.

Училиштето Рајко Жинзифов е првото училиште од општина Чаир во кое се спроведува проектот за интегрирано обрзование. Во проектот се вклучени две паралелки, односно околу педесетина деца. Тие слободните активности ги следат и на македонски и на албански јазик, објаснува директорот на училишптето Кадри Агуши.

„Тие ќе учат да бидат еден со друг, да растат заедно и да учат заедно, не да растат еден до друг, туку еден со друг.“

Целта не се роковите, туку проектот да се реализира на посуштински начин, вели министерот Панче Кралев



Овие деца вклучени во проектот ќе бидат во предност во иднина затоа што ќе знаат и македонски и албански, вели градоначалникот на општината Изет Меџити. Тој вели дека родителите добро го прифатиле проектот.

„Тоа не може со закон или со информирање да се спроведе на терен, туку тоа може преку вакви проекти да одиме кон интегрирање, интегрирање со желба децата да бидат поспособни, интегрирани.“
Ние не одиме во правец да наметнуваме решенија ниту пак сакаме интегрираното образование да се разбере како наметнување на нешто од страна на министерството, владата.
Панче Кралев, министер за образование.

Минатата година во Македонија, беше донесена Стратегијата за интегрирано образование. Во земјава има неколку училишта каде функционираат овие проекти, односно се учи јазикот на друга етничка заедница од најрана возраст.

Министерот за образование и наука Панче Кралев вели дека некои акивности во минатото можеби се одразиле негативно во однос на начинот на кој беше спроведена Стратегијата, па затоа целта не се роковите, туку проектот да се реализира на посуштински начин и да има разбирање од сите заедници во земјата.

„Ние не одиме во правец да наметнуваме решенија ниту пак сакаме интегрираното образование да се разбере како наметнување на нешто од страна на министерството, владата. Тоа треба да биде нешто што доаѓа од самите општини, од самите родители, од самите деца.“

Вицепремиерот за Рамковен договор, Муса Џафери, вели дека треба да се види кои предмети може заеднички да се изучуваат, а што не може, и кои се придибивките од еден ваков проект.

Според Стратегијата, македонскиот јазик е задолжителен предмет за учениците од етничките заедници од четврто одделение. Од прво до трето, учениците од македонската и од другите заедници факултативно може да го учат јазикот на друга заедница. Одлуката кога ќе почне изучувањето на јазикот на другиот е флексибилна и треба да ја донесат самите училишта преку советите на родители.