Извештајот од Европската комисија, неуспешниот попис, дел од темите во неделните печатени изданија.
Ќе престане ли Европската комисија да пишува извештаи за напредокот на земјите што се движат назад? - со горчливо шеговито прашање почнува колумната „Офаманаман - Инфантилизирањето на Македонецот“, во он-лајн изданието на Глобус. Знам дека во тој случај, одговара авторот на колумната, Македонија може да се надева дека нема да не добие датум за почнување на преговорите. Пишувачот на овие редови во Глобус забележува дека во историјата на европското проширување немало влада која така систематски ги користела сите прилики да не
добие датум за преговори. Не се во прашање каприци туку е во прашање (пот)свеста за тоа дека Европа, европските вредности, се гробно место, службена приватност за Внатрешната македонска револуционерна организација, појаснува авторот и додава дека датумот, а да не правиме муабет за членството, ги реметат провинцискиот мир и тишината во кои царува еден од помонструзните проекти во поновата политичка историја на Европа - инфантилизирањето на Македонецот во приватизираната држава на Комитата.
Има основи, меѓу другото, спорот со Грција да се реши така што државата во распаѓање ќе ја крстиме или ќе ја крстат Комитленд. Рипаблик оф Комитленд. Добро звучи, а? - горчливо се шегува неделникот. Тага, бе господа, неподнослива тага, невидено нешто... додава.
Таман си направивме и убав попис, кога Европа повторно не' закочи заради Грците! - со не малку иронија извикува во насловот авторот на уводникот во Фокус. За да заклучи дека европскиот извештај е очаен, изјавите на Филе и на Ховит за нашата европска иднина се повеќе од алармантни. Но, нашиот Пастир не се дава, продолжува авторот на
уводникот.
Тој е задоволен од „позитивната оценка“, за што сведочела незагубената препорака за преговори. Оценките за слабостите биле пренагласени, за да сме попуштеле пред Грците. Не може да му се подметне, па тоа ти е, иронизира авторот.
Точно, да беше објективен, Брисел барем ќе нотираше „значителен напредок“, барем во пописот, кој, нели, годинава почна цела година порано од претходниот! Јас, на пример, се срамам од премиер кој нон-стоп ја бара вината во сите други, освен во самиот себе. Ве молам, тој разоткрива некакви скриени стратегии во Брисел, а не е способен да организира ниту најобичен попис. И, внимавајте, тоа било за наше добро оти ако се истерал до крај, ќе дозволел повторување на фалсификатот од 2002 година. Нормално дека за пописот ќе му бидат виновни комуњарите - иронично заклучува Фокус.
Ќе престане ли Европската комисија да пишува извештаи за напредокот на земјите што се движат назад?„Глобус“.
добие датум за преговори. Не се во прашање каприци туку е во прашање (пот)свеста за тоа дека Европа, европските вредности, се гробно место, службена приватност за Внатрешната македонска револуционерна организација, појаснува авторот и додава дека датумот, а да не правиме муабет за членството, ги реметат провинцискиот мир и тишината во кои царува еден од помонструзните проекти во поновата политичка историја на Европа - инфантилизирањето на Македонецот во приватизираната држава на Комитата.
Има основи, меѓу другото, спорот со Грција да се реши така што државата во распаѓање ќе ја крстиме или ќе ја крстат Комитленд. Рипаблик оф Комитленд. Добро звучи, а? - горчливо се шегува неделникот. Тага, бе господа, неподнослива тага, невидено нешто... додава.
Таман си направивме и убав попис, кога Европа повторно не' закочи заради Грците! - со не малку иронија извикува во насловот авторот на уводникот во Фокус. За да заклучи дека европскиот извештај е очаен, изјавите на Филе и на Ховит за нашата европска иднина се повеќе од алармантни. Но, нашиот Пастир не се дава, продолжува авторот на
Таман си направивме и убав попис, кога Европа повторно не' закочи заради Грците!„Фокус“.