Собранието синоќа го изгласа Законот за престанување на важење на Законот за попис на населението, по скратена постапка.За законот гласаа само пратениците од парламентарното мнозинство. По завршувањето на расправата опозицијата ја напушти собраниската седница, по што, претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски во два наврати даде пауза за обезбедување на потребниот кворум од 62 пратеници.
Со законот поднесен од Владата се предлага престанување на важноста на Законот за попис, со што и официјално пописот се смета за прекинат.
Расправата, која траеше три дена, ја одбележаа меѓусебни обвинувања и реплики на пратениците од владејачкото мнозинство кое смета дека прекинувањето е во интерес на државата и на меѓуетничките односи и опозицијата која бараше одговорност за прекинувањето на оваа најобемна статистичка операција.