Реален извештај

Вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи

За вицепремиерката за евроинтеграции, Теута Арифи, и претседателот на Собранието Трајко Вељановски извештајот на ЕК е реален и објективен приказ на состојбите.
Извештајот е нашата реалност и важно е да работиме со ЕУ за да ги оствариме заедничките цели. Вака вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи по средбата со директорот на Директоратот на Европската комисија за проширување Александра Кас Грање, ги коментираше забелешките во овогодинешниот извештај за напредокот на Македонија
Јас мислам дека треба да ги земеме предвид работите што се кажуваат и во однос на тоа да работиме заедно.
Теута Арифи, вицепремиер за европски прашања.

во евроинтегративниот процес. За разлика од премиерот Никола Груевски кој смета дека забелешките се пренагласени, Арифи вели дека ние самите го пишуваме извештајот. Според неа на реформите мора да се работи, особено во областите кои се нотирани во извештајот.

„Јас мислам дека треба да ги земеме во предвид работите што се кажуваат и во однос на тоа да работиме заедно.“

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски вели дека извештајот е објективен приказ за позитивните промени кои се направени, но дека во

Претседателот на Собранието Трајко Вељановски вели дека собранието ќе стави акцент на посочените забелешки

него се содржани прашањата на кои ќе треба да се посвети внимание.

„Извештајот сега ќе биде многу подетално разгледуван во надлежните комисии, а верувам во расправата ќе биде ставен акцент на тоа како во иднина да ги надминеме забелешките од извештајот.“

Препораките во извештајот на кои области во иднина ќе треба да се работи се однесуваат на судството, јавна администрација, корупцијата и медиумите, како и спорот со името со Грција. За Вељаноски не е важно да се реши проблемот со името, туку доволно е тоа што ЕК по трет пат потврдила дека во земјава постојат европските стандарди и се вградуваат во нашиот систем.

„Затоа со право очекував сега и министерскиот совет на ЕУ да ги почитува тие принципи и Република Македонија да добие датум и конечно билатералниот спор со нашиот јужен сосед да престане да биде причина за сите наши блокади.“
Затоа со право очекував сега и министерскиот совет на ЕУ да ги почитува тие принципи и Република Македонија да добие датум и конечно билатералниот спор со нашиот јужен сосед да престане да биде причина за сите наши блокади.
Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на РМ.

Арифи, пак, со спротивен став од Вељаноски дека датумот за отпочнување на преговори е поврзан со решавањето на спорот со името.

„Се надевам и мислам дека треба да покажеме политичка волја, а очекуваме политичка воља и од страна на Атина, и помалку помош од ЕУ за да се надмине овој проблем.“

Од секторите кои беа повикани дека се потребни понатамошни реформи, велат дека извештајот претставува патоказ за тоа во кој правец треба да се одвива нивната работа. Антикорупциска ќе креира програми за спречување на корупцијата и намалување на судирот на интереси. Министерството за правда пак призна дека правосудниот систем во државата се уште има слабости и дека треба доследно да се применуваат законите.