Рогачевци не сакаат живот во град

Село Рогачево.

Тетовското село Рогачево не ја дели судбината на останатите македонски села кои се испразнија поради миграцијата село-град. Рогачевци не се заинтересирани за напуштање на родниот крај.
Печалбарството од секогаш било вечна сенка за жителите на полошко, но со годините и современиот начин на живот кои ги носи новото време, работи во некои населени места се променија.

Миграцијата сега е сведна скоро на минимум затоа што младите останаа во селото, се оженија, имаат свои семејства, домови, овде им е убаво и миграцијата е сведена на минимум. Ретко има невработени, работат во Југохром, во приватни фирми...
Крсто Крстовски, жител на Рогачево.
Рогачево е едно од ретките села во тетовско на кое миграцијата село - град им е непознат поим веќе дваесет години. Мештаните се вљубени во родниот крај и не се заинтересирани за негово напуштање, затоа што во Рогачево имаат се што им е потребно. Во минатото живото во ова село бил потежок, но денес рогачевци живеат многу подобро отколку пред две децении.

Невработеноста била најчестата причина поради која некогаш жителите на Рогачево се иселувале од село во град или пак во странство. Денес, речиси сите млади од селото се во работен однос, вели Крсто Крстовски од Рогачево.

„Миграцијата сега е сведна скоро на минимум затоа што младите останаа во селото, се оженија, имаат свои семејства, домови, овде им е убаво и миграцијата е сведена на минимум. Ретко има невработени, работат во Југохром, во приватни фирми во Теарце, во Тетово итн. Нема работа за тој што не бара и не сака да најде.“

Носталгијата за родното место, убавините на селото и добрите услови кои ги имаат рогачевци за живот во нивното село се главните причини поради кои тие не го напуштаат селото.

„Селото сега е поврзано со градот, имаме комбиња на секој саат, не се забележува дали живее во Тетово или овде, продавниците ни се снабдени со се што треба и нема потреба од миграција.“

Јас ова село не би го напуштила бидејќи тука се моите пријатели, никогаш не би ги оставила, имам секаква слобода.
Деспина Анѓелкоска, жителка на Рогачево.
Рогачево располага со многу можности и за младата попуплација. Според Деспина Анѓелкоска, селото има се што им е потребно на младите па затоа тие и немаат причина зошто да го напуштат нивното родно огниште.

„Јас ова село не би го напуштила бидејќи тука се моите пријатели, никогаш не би ги оставила, имам секаква слобода, тука ми се живее исто така и бидејќи можам секаде да излезам за во град можам да одам и побрзо се стигнува за разлика од порано и подобро е.“

Рогачево е село во општина Јегуновце оддалечено од Тетово на 25 километри. Селото брои деведесетина куќи.