Промени во опозицијата

Ваљон Беља на чело на протестите на албански невладини организации на 10 мај 2010 година во Скопје.

Се погласни се барањата за демократизација и промени во опозицијата. Во СДСМ јавно го отвори прашањето Бучковски, во ДПА тоа го бара поранешниот потпретседател Ваљон Беља.
Ваљон Беља којшто како потпретседател на ДПА по последните парламентарни избори е исклучен од партијата, смета дека е дојдено време оваа партија којашто ги казнува неистомислениците да се демократизира. Причината за нејзината сегашна состојба, како што вели, е централизираната поставеност на партијата во којашто нејзиниот лидер Мендух Тачи не почитува различни мислења и сите одлуки ги носи сам.

Претседателот на партијата цврсто ја одржува централизацијата на партијата, било тоа да е од информативен аспект или да станува збор за донесување на одлуки.
Ваљон Беља, поранешен член на ДПА.
„Тој цврсто ја одржува централизацијата на партијата, било тоа да е од информативен аспект или да станува збор за донесување на одлуки“, изјави Беља.

Тој засега не може да каже колку приврзаници во партијата има неговата иницијатива, но дека со неа започнува процес којшто нема да запре и во наредниот период се додека не се случат промените во партијата.

На раководството на ДПА не му е познато постоењето на какви и да е слични иницијативи во партијата и потврдуваат дека Беља веднаш по изборите е исклучен од партијата во согласност со статутарните одредби коишто тоа го дозволуваат.

„Поради неговите спротивни ставови во врска со нашата програма. Значи тој имаше тотално спротивни ставови од нашите ставови и мислења, така што тој не е веќе член“, изјави Луан Треси од ДПА.

Поранешниот потпретседател на ДПА Ваљон Беља започнува иницијатива за промени и демократизација на ДПА



Во неодамнешнотот интервју за Радио Слободна Европа, лидерот на ДПА Мендух Tачи изјави дека секое негово повлекување од политичката сцена би било дезертерство. Сите што сакаа да конкурираат како опозицијата претрпеа катастрофален пораз од мене и јас сум сега неприкосновен лидер на опозицијата, го толкуваше поразот на последните избори, Тачи.

Повеќе не би ја рекол партија туку олигархија кои се уште профитираат од некои начин на бизниси, услуги итн. Всушност тие моќни лидери ја уништуваат партијата затоа што му помагаат на лидерот да опстане.
Алајдин Демири, политички аналитичар.
Ваквото толкување на изборните резултати, политичкиот аналитичар Алајдин Демири вели дека не може да биде оправдување за поразот и дека партиите од опозицијата како во македонскиот така и во албанскиот блок треба да поминат низ процес на промени и нивна демократизација.

„Повеќе не би ја рекол партија туку олигархија кои се уште профитираат од некои начин на бизниси, услуги итн. Всушност тие моќни лидери ја уништуваат партијата затоа што му помагаат на лидерот да опстане“, вели Демири.

За вакво нешто, како што вели, сепак се уште не постојат услови. Една од причините е и тоа што како што додава, критичната маса којашто би ги покренала промените брзо се елиминира. Во конкретниов случај очекува само отцепување на уште една група од ДПА што би и нанело некаква штета на партијата.

Во слична насока во последниов период јавно го отвори прашањето поранешниот лидер на СДСМ, Владо Бучковски, барајќи демократизација во партијата преку промени во начинот на избор на лидерот и потесното раководство.