Шеесет насто од македонските граѓани сметаат дека во земјата има меѓуверска толеранција, а 50 проценти ги познаваат петте главни верски заедници спомнати во Уставот. Ова се дел од резултатите на истражувањето за меѓурелигиската толеранција во Македонија, презентирани денеска во Скопје на меѓународната конференција во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија „Социетас Цивилис,,. На средбата е презентиран промотивен спот за меѓурелигиска соработка.