Се степале попишувачи поради компјутер

Член на пописната комисија во Тетово нападнал државен инструктор за попис поради расправија околу користење на компјутер. Вчера во просториите каде е сместена пописната комисија за тетовскиот регион член на Државната пописна комисија физички го нападнал државен инструктор за попис на населението по што биле разделени од присутните членови на комисијата. МВР соопшти дека двајцата биле повикани во станица во Тетово за целосно расчистување на случајот