Шефот на УНМИК Фарид Зариф го посети граничниот премин Јариње при што повика на мир воздржаност и дијалог. Тој имаше средба со претставници на КФОР и на ЕУЛЕКС, како и со србите на Косово кои го блокираат преминот. Тој притоа им порачал дека Обединетите нации се против еднострани акции и насилство и оти се за дијалог како единствен начин за решавање на ситуацијата на северот на Косово.