На ден пред пописот, Весна Јаневска, си поднесе оставка

Претседателката на Државната пописна комисија Весна Јаневска, попладнево си поднесе оставка. Во изјавата за медиумите, Јаневска вели дека одлуката ја смета за изнудена од колегите Албанци и Турци во комисијата, кои ги обвини дека подготвувале пописен фалсификат. Јаневска не можела да го поднесе настојувањето на Албанците и на Турците да им се овозможи да се попишуваат со фотокопирани документи, да се попишат оние кои не се во државава повеќе од 12 месеци и да се мешаат во составувањето на попишувачките комисии.

Оставката на Јаневска и на нејзиниот потпретседател, Беџети, сепак нема да го одложи пописот, што стартува утре, велат владдини извори.