Денеска во Македонија почна пописот на населението, домаќинствата и становите 2011 што ќе трае до 15 октомври.
Треба да бидат попишани сите лица што живеат во Македонија, граѓаните кои живеат или престојуваат во странство во изминатите 12 месеци и оние со престојувалиште во земјата, како и сите домаќинства и станови на територијата на земјата.
Попишувањето ќе го вршат по двајца попишувачи што ќе поставуваат прашања во согласност со пописната методологија и одговорите на граѓаните ќе ги запишуваат во печатени пописни обрасци.
Стартот на пописот беше под знак прашалник поради оставките на членови на Државната пописна комисија.
Тоа го стори и претседателот на Комисија Весна Јаневска која оцени дека се подготвувал пописен фалсификат. Македонската влада вчера на нивно место постави нови членови, а нов претседател на Комисијата ќе биде Слободанка Гиевска, додека Бујар Османи ќе ја извршува функцијата потпретседател.
Претседателкатата на Државниот Завод за статистика Благица Новковска изјави дека условите на терен се исполнети:
„Тие предуслови беа да се има потребен број на попишувачи, реонски инструктори, државни инструктори и сите тие учесници се веќе комплетирани и утре тргнуваат на терен.“
Во меѓувреме нејасно е дали комисијата ќе продолжи да работи и без
членовите кои ја претставуваат албанската заедница. Замeник претседателот на Државната пописна комисија, Абдулеменаф Беџети потврди дека поднел оставка, но не сакаше да го коментира овој чекор. Во изјавите на останатите членови на комисијата дадени за Македонската информативна агенција се тврди дека пописот ќе почне, а проблемите ќе се решаваат дневно и во од. И според изјавата на претседателката Весна Јаневска од вчера, пописот нема да биде одложен.
Во врска со новонастанатата ситуација, синоќа коментар најавија и од владеjачката партија од албанскиот блок ДУИ, но засега нема изјави.
Според соопштението што вчера го доставија членовите кои ја преставуваат албанската заедница, една од причините што ја напуштаат комисијата е дека немало технички и оперативни сретства за спроведување на пописот. Според информациите, пак, од ДПК ноќеска се дефинирани конечните листи на попишувачи, обуки се уште се
оддржуваат, а се предава материјалот на комсииите онаму каде таа е завршена.
Професор Осман Кадриу од Факултетот за oпштествени науки очекува членовите да се вратат во Комисијата и нагласува дека треба да се дејствува и политички.
„Колку што ми е познато, сепак се во тек разговорите помеѓу членовите што ја напуштиле работата на Комисијата и другите релевантни фактори посебно од албанскиот политички блок и очекувам дека истите треба да се вратат, инаку навистина ова ќе биде еден голем пропуст кој може да се одрази врз целиот процес бидејќи станува збор за излегување од комисијата на членовите не по партиска, туку по национална припадност, а тоа не е добро.“
До напушањето на комисијата од преставниците-Албанци дојде откако во изминатите неколку денови се појавија големи разлики пред се околу попишувањето на странците. Тие бараат на пописот да се попишуваат и лицата што во странство престојуваат и повеќе од 12 месеци, што е спротивно на законот.
Идентично барање имаат и претставниците на турската заедница. Тројца нивни членови вчера исто така ја напуштија седницата на Државната пописна комисија. Претставникот на турската заедница, Салих Мурат, не потврди дека поднел оставка туку само дека има техничко организациски проблеми со пописот.
Во врска со претстојниот попис, Владата на вчерашната седница донесе неколку заклучоци. Меѓудругото со нив се задолжуваат сите лица кои се избрани за попишувачи од државната и јавната администрација да ја почитуваат законската обврска и да учествуваат во пописот, а раководителите на институциите се задолжуваат да ги ослободат овие лица од тековните работни обврски, исто така, како што налага законот.

Тие предуслови беа да се има потребен број на попишувачи, реонски инструктори, државни инструктори и сите тие учесници се веќе комплетирани и утре тргнуваат на теренБлагица Новковска, Директор на Државниот завод за статистика
членовите кои ја претставуваат албанската заедница. Замeник претседателот на Државната пописна комисија, Абдулеменаф Беџети потврди дека поднел оставка, но не сакаше да го коментира овој чекор. Во изјавите на останатите членови на комисијата дадени за Македонската информативна агенција се тврди дека пописот ќе почне, а проблемите ќе се решаваат дневно и во од. И според изјавата на претседателката Весна Јаневска од вчера, пописот нема да биде одложен.
Во врска со новонастанатата ситуација, синоќа коментар најавија и од владеjачката партија од албанскиот блок ДУИ, но засега нема изјави.
Според соопштението што вчера го доставија членовите кои ја преставуваат албанската заедница, една од причините што ја напуштаат комисијата е дека немало технички и оперативни сретства за спроведување на пописот. Според информациите, пак, од ДПК ноќеска се дефинирани конечните листи на попишувачи, обуки се уште се
Колку што ми е познато, сепак се во тек разговорите помеѓу членовите што ја напуштиле работата на Комисијата и другите релевантни фактори посебно од албанскиот политички блок и очекувам дека истите треба да се врататОсман Кадриу, универзитетски професор