Советот за безбедност на Обединетите нации изутрината ги завршил консултациите зад затворена врата. Притоа, како што јавуваат српските новински агенции, се разговарало и за ситуацијата на северот на Косово, по инцидентот кај преминот Јариње во кој беа повредени неколкумина Срби и војници на КФОР. Седницата била свикана на барање на Русија, која во вторникот изрази загриженост заради насилството над српското населeние. Истовремено, Соединетите држави го осудија, како што е наведено во соопштението на Стејт департментот, насилниот напад на група срби врз силите на КФОР на граничниот премин Јариње.,, Вашингтон ги повика сите страни да го задржат мирот, а Белград и Приштина да го продолжат дијалогот.