Романија ќе ги повлече 178 полицајци од Косово во декември, соопшти романската Влада.Одлуката за повлекувањето на полицајците била донесена на седница на Врховниот совет за национална одбрана, но не се наведува причината. Романските полицајци се дел од мисијата ЕУЛЕКС и од КФОР.Романија, која не ја признава независноста на Косово одлучи да го продолжи учеството во КФОР во 2008 година и да се приклучи кон ЕУЛЕКС.