„Две времиња“ и „Чекори“, двата нови филма на уметникот и академик Киро Урдин, вечерва, премиерно ќе бидат прикажани во Кинотеката на Македонија.
По извонредниот успех со Планетариум и потоа Оган и вода, ликовниот уметник и режисер Киро Урдин, еве го со две свои нови остварувања чија светска премиера се обистинува во Кинотека на Македонија. Се работи за еден главно експериментален и еден документарен филм кои се снимени на различни локации во изминативе неколку години, но кои во основа го акцентираат неговиот философски светоглед и го имаат неговиот специфичен авторски потпис.
Чекори е сниман во Белгија, а директор на фотографијата е Пол Валејн. За ова остварување Урдин забележува дека повеќе му припаѓа на жанрот експериментален филм и дека:
„Објектите често ја следат судбината на човекот, значи тој е уништен, тој е прекрасен итн, едноставно животот го менува судбината на човекот.“
Од друга страна, документарецот Две времиња, е инспириран од Африка и во некоја рака ја продолжува сторијата зачната со многуфалениот и повеќепати наградуван Оган и вода.
„Тука има три елементи, флората, фауната и човекот, меѓутоа како главна личност се појавува патот, патот како еден интелектуален порив тоа што го создал човекот и начинот како ја уништува таа космичка хармонија која е на земјата.“
Текстот за овој документарец е на Урдин, директор на фотографијата е Бранд Феро, а музиката ја потпишуваат Венко и Васко Серафимови.
„Неговата фотографија во филмот сама по себе е многу подложна кон самата музика, затоа што се големи и убави фотографии и некако „легнува“ сето тоа само по себе. Самиот себе во тоа се гледам со голема леснотија.“
истакнува Васко Серафимов.
Монтажер на обете дела е Владимир Петровски Картер кој за остварената соработка со академик Урдин знае да забележи:
„Киро е едноставно сила којашто неможеш да ја запреш само што неговите теми и идеи излегуваат од оние рамки на наше локално размислување и не е оптеретен со политика, со сите оние моменти кои нас ни тежат, туку тој сите работи ги гледа космополитски, многу пошироко и затоа е уживање да се работи со него.“
Кон ова само уште информацијата дека Чекори и Две времиња веќе се пратени на конкурсот на познатиот светски фестивал на независен филм во Санденс во САД и дека потоа ќе го продолжат сопственото патешествие на сличните манифестации по светот.
Објектите често ја следат судбината на човекот, значи тој е уништен, тој е прекрасен итн, едноставно животот го менува судбината на човекотКиро Урдин, ликовен уметник и режисер
„Објектите често ја следат судбината на човекот, значи тој е уништен, тој е прекрасен итн, едноставно животот го менува судбината на човекот.“
Од друга страна, документарецот Две времиња, е инспириран од Африка и во некоја рака ја продолжува сторијата зачната со многуфалениот и повеќепати наградуван Оган и вода.
„Тука има три елементи, флората, фауната и човекот, меѓутоа како главна личност се појавува патот, патот како еден интелектуален порив тоа што го создал човекот и начинот како ја уништува таа космичка хармонија која е на земјата.“
Неговата фотографија во филмот сама по себе е многу подложна кон самата музика, затоа што се големи и убави фотографии и некако „легнува“ сето тоа само по себеВаско Серафимов, композитор