Претседателот Иванов им врачи на кошаркарите „Медал за заслуги за Македонија“

Претседателот Ѓорге Иванов денеска со „Медал за заслуги за Македонија“ ги одликува македонските кошаркарски репрезентативци кои го освоија четвртото место на Европското првенство во кошарка во Литванија. Иванов изјави дека Македонија го доби најпосакуваниот спортски подарок за 20-годишнината од независноста.
Владо Илиевски праша: Луѓе, што направивме? Да ви кажеме што направивте ја прославивте Македонија низ Европа! Ја ставивте македонската кошарка на европската кошаркарска мапа, изјави претседателот Иванов на доделувањето на медалите.
Медал за заслуги добија Перо Антиќ, Владо Илиевски, Лестер Бо Мекејлеб, Илија Димчевски, Димитар Мираковски, Тодор Гечевски, Дарко Соколов, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Ѓорѓи Чековски, Предраг Самарџиски, селекторот Марин Докузовси и сите членови на сручниот тим.