Неколку години опозицијата најавува жешка политичка есен. Меѓу експертите, очекувања дека поголема активност на опозицијата ќе има по есенскиот извештај на ЕК.
По три месеци од предвремните избори, јавноста и забележува на најголемата опозициска партија дека е пасивна во критикувањето на грешките на власта, евентуалниот криминал, корупција, трошење буџетски пари. Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, кој вели дека ги согледуваат критиките од овој тип, истакна дека имаат стратегија на дејствување и оти ова е период во кој СДСМ се обидува да продолжи до крајни можности да ги искористи институционалните механизми за водење политичка битка, како битката во парламентот.
„Јас ги согледувам тие критики коишто доаѓаат од дел од јавноста, но Македонија не е нормална демократска држава и дека овие да ги наречам конвенционални начини на водење на политичка битка едноставно не функционираат и не даваат резултати. Клучното прашање е, како да дојдеме до моментот, кога не дел од јавноста и дел од граѓаните, туку поголемиот, мнозинскиот дел од јавноста и од граѓаните да дојдат до сознанието дека оваа власт не овозможува институционална демократија. Има едно непишано правило, ако власта оневозможува демократија во институциите, ќе ја добие демократијата на улиците и ние сме подготвени и за таа фаза на политичко дејствување“, кажа Црвенковски во интервју за Радио Слободна Европа што ќе се емитува во недела.
Неколку години опозицијата најавува жешка политичка есен. Анализирајќи ја политичката сцена, експерите наоѓаат дека изминативе неколку месеци речиси и немало повод за поголемо опозициско дејствување бидејќи отсуствувале поголеми политички настани, но очекуваат поголема активност во периодот по објавувањето на извешајот на Европската комисија за напредокот на Македонија во ноември.
Во изминатиот период, во кој месец дена од почетокот на работата и на Собранието и на функционирањето на владата, се одеше во знакот на чествување на национални и државни празници на кои главни организатори беа владејачките партии како што беше одбележувањето на 10-годишнината од Охридскиот договор и чествувањето на 20 години од независноста, вели Владимир Мисев:
„Се очекува извештајот, можеби тоа да предизвика некакви определени турбуленции некаде во ноември, меѓутоа со надеж дека доколку би се реши прашањето за името можеби би имало напредок и во таа насока.“
Потсетувајќи дека по изборите СДСМ има поголема пратеничка група и политичкиот аналитичар Исмет Рамадани очекува поактивни чекори од опозицијата со цел поголема контролна моќ врз владината политика.
„Со еден пристап аналитички на извештајот од Европската комисија и ако добро ги долови тии слабости кои се очекуваат и евентуално ќе бидат евидентирани, тогаш мислам дека погласно, поубедливо и поорганизирано треба да настапи опозицијата.“
Тој се согласува дека на предвремените избори помалите опозициски партии не успеаја да обезбедат ниту едно пратеничко место, но оценува дека е потребна и нивна поголема иновативност во дејствувањето.
Има едно непишано правило, ако власта оневозможува демократија во институциите, ќе ја добие демократијата на улиците и ние сме подготвени и за таа фаза на политичко дејствување.Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ.
„Јас ги согледувам тие критики коишто доаѓаат од дел од јавноста, но Македонија не е нормална демократска држава и дека овие да ги наречам конвенционални начини на водење на политичка битка едноставно не функционираат и не даваат резултати. Клучното прашање е, како да дојдеме до моментот, кога не дел од јавноста и дел од граѓаните, туку поголемиот, мнозинскиот дел од јавноста и од граѓаните да дојдат до сознанието дека оваа власт не овозможува институционална демократија. Има едно непишано правило, ако власта оневозможува демократија во институциите, ќе ја добие демократијата на улиците и ние сме подготвени и за таа фаза на политичко дејствување“, кажа Црвенковски во интервју за Радио Слободна Европа што ќе се емитува во недела.
Неколку години опозицијата најавува жешка политичка есен. Анализирајќи ја политичката сцена, експерите наоѓаат дека изминативе неколку месеци речиси и немало повод за поголемо опозициско дејствување бидејќи отсуствувале поголеми политички настани, но очекуваат поголема активност во периодот по објавувањето на извешајот на Европската комисија за напредокот на Македонија во ноември.
Се очекува извештајот, можеби тоа да предизвика некакви определени турбуленции некаде во ноември, меѓутоа со надеж дека доколку би се решило прашањето за името можеби би имало напредок и во таа насока.Владимир Мисев, политиколог.