За прославата по повод Денот на независноста што се одржа на осми септември се потрошени милионски суми, а не 90.000 евра како што соопшти Владата. Ова го изјави денеска член на извршниот одобор на опозициската СДСМ, Јани Макрадули. Тој тврди само организираниот автобуски превоз на партиските активисти и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ од 83 општини чинел повеќе од 100 илјади евра. Макрадули смета дека ако на ова се додадaт трошоците кои се однесуваат за изнајмувањето на трите бини со озвучување, осветлување, брендирање на позадина, преносот во живо, изнајмувањето на билборди, изработка на ТВ спотовите и медиа закупот, сумата од 90 илјади евра која ја соопшти владата е повеќе од смешна. Тој изјави дека е јансно оти за партиската прослава на плоштадот се потрошени милионски суми народни пари и ја повика министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска, да ги објави сите постапки и договори поврзани со прославата на плоштадот