Македонската кошаркарска репрезентација денеска во 17 часот во Вилнус го игра вториот натпревар од Ф групата против селекцијата на Словенија. Македонија со максимални 6 бодови ја дели првата позиција во групата заедно со Русија. Словенија со 4 бодови е четврта, зад Грција која има 5, а пред Грузија и Финска кои имаат по 3. Македонија и Русија имаат обезбедено пласман во четвртфиналето. Поради повреди неизвесен е настапот на Тодор Гечевски и на Лестер Бо Мек Кејлеб. На другите два натпревара од групата денеска играат Финска против Грузија и Русија против Грција.