Дневен печат

Прославувањето на Денот на независноста, главна тема во дневниот печат.
Разбирливо, медиумите акцентот го ставија врз прославата на 20-годишнината на нашата независност. За новиот скопски аеродром, најголем на Балканот, за прошетката на скопската ергела двокатни и украински автобуси низ улиците на главниот град, за најголемото државно знаме поставено на плоштадот Македонија, пишуваат сите печатени медиуми. Освен тоа и за победата на македонските кошаркари врз грчките и за еуфоричната ноќна прослава на плоштадот во Скопје.

Во исто време, дека „ВМРО-ДПМНЕ ќе слави сама на плоштад“, и дека по стапките на СДСМ, тргнале и НСДП, ЛП и Партијата за евопска иднина, јавува Утрински, а Дневник, дека „Поранешните премиери се незадоволни од прославата“. Истиот весник го цитира и опозициониот
„Дневник“ - „Поранешните премиери се незадоволни од прославата“.

лидер Црвенковски дека прославата на Денот на независноста е прослава што го дели народот, затоа што била така замислена за да ги истакне партиските заслуги само на владејачката партија во осамостојувањето.

Посетата на европскиот функционер Филе се наоѓа некаде меѓу претходните информации, при што Утрински известува дека тој побарал лидерство од македонските политичари. Вечер на насловна ги вади очекувањата на Филе дека проблемот со името ќе се решел до крајот на годината и дека Македонија исто така до тогаш ќе добиела покана за преговори за членство. Вечер прави интересна професионална измама за неуките читатели: со фотографија на гостинот од Брисел, во наслов цитира дел од најновото писмо што до Унијата го испратија група новинари, универзитетски професори и интелектуалци - поддржувачи на политиката на Груевски, во кое тие велат дека Македонија нема проблем со слободата на медиумите. На прв поглед човек ќе помисли дека тоа го кажува Штефан Филе!
20 години независност, прославата без опозицијата.
x
20 години независност, прославата без опозицијата.

Нова Македонија заинтригирана од изјавата на премиерот Груевски по средбата со европолитичарот дека Македонија нема намера да го проблематизира грчкиот идентитет, од извори на македонскиот преговарачки тим дознава дека Груевски со тоа прв пат јавно искажал дека Македонија зазела став дека не инсистира термините „Македонец“ и „македонски“ да бидат ексклузивно нејзини.
„Дневник“ и „Нова Македонија“ јавуваат дека судскиот случај „Мавровски работници“ е затворен.

Дневник и Нова Македонија јавуваат дека судскиот случај „Мавровски работници“ е затворен, откако обвинителот Шврговски објави повлекување од натамошно водење постапка за првиот од четирите хашки случаи, кои патем пратениците на владејачкото мнозинство неодамна, со политичка одлука, ги „препрочитаа“ во Законот за амнестија.

,Нова Македонија, оваа информација ја насловува: „Обвинетите на слобода, оштетените сами по правдата“. Истиот весник на насловната објавува дека со мини-ребалансот на буџетот, според зборовите на министерот Ставрески, Владата решила да одвои 22 милиони евра повеќе за пензионерите и за Фондот за здравство.