Македонија слави 20 години од независноста. Воена парада, детско дефиле, театарски претстави... дел од прославата која почнува денеска.
Воена парада, дефиле на илјада деца, театарска престава пред секој споменик од Скопје 2014-та, прошетка на декларација за независност од Собранието до Музејот на македонската борба, обраќање на државниот врв и се разбира музика. Ова се настаните со кои во центарот на Скопје ќе биде одбележана централната прослава на 20 годишнината од прогласувањето самостојноста.
Како што најавија од Владата програмата има космополитска димензија и мисија да ги обедини сите граѓани, без оглед на каква било припадност. Предвидено е програмата да го илустрира минатото, сегашноста и иднината и да ги прикаже националните обележја и уметничките капацитети на државата.
Во 18 часот прославата ќе започне пред Собранието на Македонија, кога претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ќе ја предаде Декларацијата за независност од 1991-та на Гардата на Македонија.
Гардистите за кои вчера беше промовирана новата униформа, ќе ја прошетаат декларацијата низ плоштадот Македонија, за на крај да му ја предадат на претседателот на Републиката Ѓорѓе Иванов пред Музејот на македонската борба. Декларацијата ќе помине низ портата Македонија, која се уште не е довршена, горниот дел од портата е покрена со церада. Први низ портата ќе поминат илјада деца, кои треба да ја симболизираат иднината на државата.
Потоа актери пред секој споменик на плоштадот ќе изведуваат престави со сцени од минатото, а Армијата со почесна стрелба ќе им одаде почит на сите загинати херои.
По предавањето на декларацијата свечената поворка ќе се врати на плоштадот, каде треба да има обраќање на Премиерот, ќе биде пуштена фонтаната со споменикот Вон на коњ, а потоа следува уметничката програма.
Двете децении самостојност се одбележуваат под мотото „20 години државност - 20 години независна Македонија - заедно под едно сонце“.
Но, и покрај обидите на прославата да присуствуваат сите политичари, прославата ќе остане покуса за преставниците од опозицијата. По вчерашната средба во Владата на сите поранешни премиери, Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски го најавија своето отсуство. Тие ја посочија власта како виновник за нивното недоаѓање.
Претседателот Ѓорге Иванов во синоќешното обраќање на свечената академија по повод 20-годишнината од независноста на Македонија, повторно повика дека е време сите да се обединат околу единствената заедничка партија - Македонија. Да ги препознаеме нејзините интереси, цели и приоритети и секој поединечно да се вклучи во нивно остварување, порача претседателот Иванов.
„Преживеавме и се уште преживуваме блокади и ембарга, егзодус и негирање, уцени и закани, зарем тоа не е доволно да славиме победа над оние кои постојано и упорно ни стојат на патот на напредокот. Сите ние сме оние кои што треба да го направиме овој ден, празник. Ден за гордост, ден за достоинство, ден за самопочит.“
Две децении од државноста се одбележуваат и со други настани и активности кои ќе траат до крајот на месецов.

Преживеавме и се уште преживуваме блокади и ембарга, егзодус и негирање, уцени и закани, зарем тоа не е доволно да славиме победа над оние кои постојано и упорно ни стојат на патот на напредокот.Ѓорге Иванов Претседател на Македонија.
Потоа актери пред секој споменик на плоштадот ќе изведуваат престави со сцени од минатото, а Армијата со почесна стрелба ќе им одаде почит на сите загинати херои.
По предавањето на декларацијата свечената поворка ќе се врати на плоштадот, каде треба да има обраќање на Премиерот, ќе биде пуштена фонтаната со споменикот Вон на коњ, а потоа следува уметничката програма.
Двете децении самостојност се одбележуваат под мотото „20 години државност - 20 години независна Македонија - заедно под едно сонце“.
Но, и покрај обидите на прославата да присуствуваат сите политичари, прославата ќе остане покуса за преставниците од опозицијата. По вчерашната средба во Владата на сите поранешни премиери, Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски го најавија своето отсуство. Тие ја посочија власта како виновник за нивното недоаѓање.
Претседателот Ѓорге Иванов во синоќешното обраќање на свечената академија по повод 20-годишнината од независноста на Македонија, повторно повика дека е време сите да се обединат околу единствената заедничка партија - Македонија. Да ги препознаеме нејзините интереси, цели и приоритети и секој поединечно да се вклучи во нивно остварување, порача претседателот Иванов.
„Преживеавме и се уште преживуваме блокади и ембарга, егзодус и негирање, уцени и закани, зарем тоа не е доволно да славиме победа над оние кои постојано и упорно ни стојат на патот на напредокот. Сите ние сме оние кои што треба да го направиме овој ден, празник. Ден за гордост, ден за достоинство, ден за самопочит.“
Две децении од државноста се одбележуваат и со други настани и активности кои ќе траат до крајот на месецов.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5