И по средбата во Владата на сите досегашни премиери, Црвенковски и Георгиевски останаа на ставот дека нема да присуствуваат на прославата.
Иако најавена како средба која има цел да испрати порака за единство на нацијата, средбата на поранешните премиери на Македонија, не вроди многу со плод. Средбата ја оценија како протоколарна, релаксирана, но и Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски како поранешни премиери најавија дека нема да присуствуваат на централното чествување на празникот. Само поранешниот премиер Владо Бучковски средбата ја окарактеризира како исклучително важна.
На средбата присуствуваа сите први луѓе на Владата во изминатите години. Првиот премиер на експертската Влада на независна Македoнија, Никола Кљусев почина во 2008 година.
Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, по средбата изјави дека имало обиди да се убеди опозицијата да се појави на прославата, но според него апелите биле задоцнети.
„Еден таков настан навистина заслужува да биде искористен да се демонстрира единството, заедништвото, на целиот наш народ, на сите наши граѓани и жалам што таа прилика не се искористи. За тоа одговорноста и припаѓа на владејачката партија“, изјави Црвенковски.
Поранешниот премиер, Љубчо Георгиевски, исто така, најави дека нема да да присуствува на прославата.
„Не, нема да се најдам на плоштадот затоа што навистина сметам дека 20-годишнината од независноста се одбележува на недостоинствен начин.“
Владо Бучковски, пак, вели дека разликите не биле толку големи, за да не може да се надминат и ако до средбата дошло навреме, можеби Црвенковски и Груевски ќе се договореле за заедничка прослава на независноста.
„СДСМ мораше да изнајде начин и да присуствува на централната прослава, а своето негодување да го соопшти по прославата или на друг соодветен начин. Ова мене едноставно не ми се допаѓа.“
На заедничката средба на поранешните премиери, присуствуваше и Хари Костов, но тој не даде изјава.
За единство на политичарите не помогна ни повикот од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, кој рече дека нема поголем повод за единство од прославата на 8-ми септември.
„Нашите политички разлики мора да исчезнат пред важните државни празници. Единството на сите партии мораме да го афирмираме уште повеќе, граѓаните очекуваат од нас сплотеност и соработка. Нема поголема причина за единство од Македонија.“
Настрана од плановите за присуство или за бојкот на прославата, во центарот на градот се прават последните подговки за славењето. Знамиња и цвеќе има насекаде, а објектите од Скопје 2014, кои не се завршени се прекрија со церади, големи знамиња или платно во црвена боја.
Еден таков настан навистина заслужува да биде искористен да се демонстрира единството, заедништвото, на целиот наш народ, на сите наши граѓани и жалам што таа прилика не се искористи. За тоа одговорноста и припаѓа на владејачката партија.Бранко Црвенковски, поранешен премиер.
На средбата присуствуваа сите први луѓе на Владата во изминатите години. Првиот премиер на експертската Влада на независна Македoнија, Никола Кљусев почина во 2008 година.
Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, по средбата изјави дека имало обиди да се убеди опозицијата да се појави на прославата, но според него апелите биле задоцнети.
„Еден таков настан навистина заслужува да биде искористен да се демонстрира единството, заедништвото, на целиот наш народ, на сите наши граѓани и жалам што таа прилика не се искористи. За тоа одговорноста и припаѓа на владејачката партија“, изјави Црвенковски.
Поранешниот премиер, Љубчо Георгиевски, исто така, најави дека нема да да присуствува на прославата.
„Не, нема да се најдам на плоштадот затоа што навистина сметам дека 20-годишнината од независноста се одбележува на недостоинствен начин.“
Нема да се најдам на плоштадот затоа што навистина сметам дека 20-годишнината од независноста се одбележува на недостоинствен начин.Љупчо Георгиевски, поранешен премиер.
„СДСМ мораше да изнајде начин и да присуствува на централната прослава, а своето негодување да го соопшти по прославата или на друг соодветен начин. Ова мене едноставно не ми се допаѓа.“
На заедничката средба на поранешните премиери, присуствуваше и Хари Костов, но тој не даде изјава.
За единство на политичарите не помогна ни повикот од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, кој рече дека нема поголем повод за единство од прославата на 8-ми септември.
Нашите политички разлики мора да исчезнат пред важните државни празнициТрајко Вељаноски, претседател на Собранието.