Прославата во сенка на поделбите

Споменикот на Александар Македонски односно Воин на коњ, се уште ограден со тараби.

Партиските препукувања и разединетост ја ставија во сенка прославата на Денот на независноста. Состојбата се одразува и врз граѓаните, велат експертите.
Партиските препукувања и разединетост околу организирањето и одбележувањето на 20-годишнината од независноста на Македонија ја ставија во сенка прославата на еден од најважните настани од македонската историја. Опозицијата обвини дека власта наместо да гради заедништво го користи 8 Септември за самопромоција и поради тоа реши да не присуствува на манифестацијата. Власта, пак, повика да се остават настрана расправиите за денот да се празнува како што доликува.
Бојкотирањето од страна на СДСМ на прославата е сосема нормално бидејќи прославата за жал го има вмровскиот концепт, а нивниот бојкот, отворен бојкот е и плукање на сето она што тие го направиле во последниве 20 години.
Соња Стојадиновиќ, политички аналитичар.

Експертите велат дека не е убаво што ВМРО ДПМНЕ го користи празникот за остварување на своите цели и интереси
x
Експертите велат дека не е убаво што ВМРО ДПМНЕ го користи празникот за остварување на своите цели и интереси

Политичкиот аналитичар Соња Стојадиновиќ вели дека не е убаво што ВМРО-ДПМНЕ го користи празникот за остварување на своите цели и интереси.

„Ова е голем јубилеј и ако не сме можеле тоа да го направиме пред десет години заради ситуацијата сега е момент да се сплоти народот и да се сплотат партиите. Бојкотирањето од страна на СДСМ на прославата е сосема нормално бидејќи прославата за жал го има вмровскиот концепт, а нивниот бојкот, отворен бојкот е и плукање на сето она што тие го направиле во последниве 20 години.“

Професор Алајдин Демири вели дека со последните настани ќе излезе на површина она што ВМРО-ДПМНЕ молчеливо го популаризираше цело време - кој ја создаде Македонија? Владејчката партија има намера да направи сопственост врз Македонија и со тоа во позадина ги става сите кои не припаѓаат на ВМРО-ДПМНЕ.

„За прв пат ќе се отвори една болна рана, чија е Македонија? Значи Македонија нема да биде на сите други Македонци туку ќе биде само Македонија на вмровци и таа политика која одамна се потхранува сега ќе ескалира.“
Овој пат граѓаните ќе се почувствуваат грдо и понижено, ќе се почувствуваат непразнично затоа што ваквото арогантно присвојување на државата не им остава простор за радување
Алајдин Демири, универзитетски професор.

Стојадиновиќ смета дека со оглед на процентот колку Македонија е затруена со политиката, состојбата ќе се одрази врз поделба на граѓаните.

„Ќе се одрази негативно, заради тоа што несимпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, значи оние што не ги сакаат ВМРО и нивната политика ќе бидат навредени бидејќи сите Македонци ќе го доживуваат овој јубилеј како многу значаен, дочекавме, се изборивме и имаме право да славиме.“

Според Демири, опозицијата е ставена во безизлезна ситуација, или ќе учествува во прославата и ќе прифати дека Македонија е творевина на премиерот Никола Груевски или да не биде присутна. Но не само опозицијата и граѓаните ќе се чуствуваат навредени.

„Овој пат граѓаните ќе се почувствуваат грдо и понижено, ќе се почувствуваат непразнично затоа што ваквото арогантно присвојување на државата не им остава простор за радување и доживување како своја среќа и среќа на другите.“

Во втор план, според експертите, се ставаат и другите етнички заедници.