Ако нема злато, нема ни свадба

Во Пакистан златото е статусен симбол. Родителите на невестата нема да прифатат свадба, ако таа не е доволно, па дури и претерано накитена со злато.

Зголемувањето на цената на златото зема данок во Пакистан. Во земјата каде важи правилото, нема злато, нема свадба, се почесто брачниот живот се одложува за подобри времиња. Но, ќе успее ли традицијата да одолее на високата цена на златото?
Како цената на злато достигнува рекордно ниво, така се повеќе парови се
Моите двајца браќа се свршени и треба да се оженат, но моравме да ги одложиме и двете свадби поради неверојатно високата цена на златото.
принудени да ја одложат, па дури и да ја откажат свадбата, бидејќи нивните семејства не можат да купат соодветен мираз.

Во делови на Пакистан, како што е например местото Кању во југозападниот дел на земјата, во долината Сват, важи правилото „Ако нема злато, нема свадба“, бидејќи ова е место каде што сите ја почитуваат традицијата.

„Моите двајца браќа се свршени и треба да се оженат, но моравме да ги одложиме и двете свадби поради неверојатно високата цена на златото“, вели Шаназ Биби, жител на селото.


Тој додава дека и еден негов роднина исто така ја одложил свадбата поради истата причина.

Цената на златото достигна рекордно висока цена на светските пазари. Деновиве унца злато чини 1.700 долари.

Во Пакистан, благородните метали се мерат во пакистански толи. Во моментов една тола злато чини повеќе од 620 долари. (една тола е речиси половина унца). Една унца е 28,35 грама.

Традицијата диктира родителите да купат неколку толи злато за свадбата на своите деца. Но со просечните плати кои се движат околу 150 долари месечно, тоа е премногу. Па дури и оние семејства кои имаа средни
Моите браќа треба да дадат по 10 толи злато за своите невести како мираз. Ние не можеме да си го дозволиме тоа. Ова е премногу.
примања, како семејството Биби, не се подоготвени да ги сносат трошоците за свадба.

„Моите браќа треба да дадат по 10 толи злато за своите невести како мираз. Ние не можеме да си го дозволиме тоа. Ова е премногу“, вели Шаназ Биби.

Златото е статусен симбол во Пакистан. Свадбата не е целосна ако не се претера со додатоци од злато, како многубројни прстени, обетки, нараквици, ѓердани и разни други украси. Пред свадбата гордите родители ги покажуваат златните подароци пред своите гости. По свадбата невестата влегува во домот на својот сопруг целата украсена со злато.

Должност на родителите е да обезбедат злато, на кое се гледа како на многу посигурен влог, отколку да се инвестира во недвижен имот или во пари.

Но златото не е само украсен елемент, на него се гледа како на инвестиција во иднината на семејството. Според традиција, должност на родителите е да обезбедат злато, на кое се гледа како на многу посигурен влог, отколку да се инвестира во недвижен имот или во пари. Во богатите семејства, обично семејството на невестата е тоа што купува повеќе злато.
Сиромашните луѓе доаѓаат во нашите продавници со јасна мисла колку имаат да потрошат. Тие доаѓаат и знаат колку тули ќе купат. А кога ќе им кажам колку чини златото, си заминуваат со негодување.
А оние кои не можат да си дозволат да купат парче златен накит се принудени да позајмуваат пари или да одат на работа во странство за да можат да се носат со традицијата.

Со години, традиција на давање злато за мираз е критикувана од страна на политичарите и од пакистанските медиуми, кои ја опишуваат како непотребна екстравагантност, која ги остава семејствата во долгови и беда. Некои локални верски лидери се обидоа да влијат на народот со тоа што проповедаат дека пророкот не го поддржува концептот на мираз.

Но и покрај повиците, политичарите и на свештениците не успеаја да стават крај на традицијата, но се чини дека тоа ќе го напраави високата цена на златото.


Само до пред неколку месеци, не можеше да се замисли свадба ако родителите не обезбедат по најмалку 30 до 50 толи злато (околу 12 до 20 унци злато, додека сега свадба поминува и со 15 до 20 толи.

Златарот Азматула Кан од Пешевар вели дека рекордно високата цена на златото не води кон добар бизнис, додека гледа како клиентите си заминувааат од неговата продавница со празни раце, разочарани од високите цени.

„Сиромашните луѓе доаѓаат во нашите продавници со јасна мисла колку имаат да потрошат. Тие доаѓаат и знаат колку толи ќе купат. А кога ќе им
Ние сме беспомошни. Не можеме дури ни куќата да ја напуштиме без срам. Татко ми не може да се справи со ова прашање кое има толку многу влијание врз судбината на сестра ми.
кажам колку чини златото, си заминуваат со негодување“, вели Кан.

Каинат е млад човек од селото Кању. Тој вели дека сиромашните семејства како неговото на традицијата со давање на злато гледаат како на товар кој уништува многу животи.

Свадбата на сестра на Каинат е откажана бидејќи тие не можат да си дозволат мираз во злато. Таквата ситуација, диктирана од традиција, нашето семејство го чини углед, вели Каинат.

„Ние сме беспомошни. Не можеме дури ни куќата да ја напуштиме без срам. Татко ми не може да се справи со ова прашање кое има толку многу влијание врз судбината на сестра ми“, вели Каинат.