Тачи- Отварање на границите, но без поделби

Премиерот на Косово, Хашим Тачи

Со одлуката на Косово за реципроцитет со Србија се постигнати три цели: потполно почитување на реципроцитетот, прекин на шверцот на стока и воспоставување на контрола на целата територија на Косово, изјави премиерот на Косово, Хашим Тачи во интервју за Радио Слободна Европа .
Она што требаше се случи во 1999-та се случи сега, вели Тачи.
Тој вели дека сега целата меѓународна заедница, САД, ЕУ и НАТО се единствени по прашањето за воспоставување на законитоста и уставноста на целата територија на Косово и изрази надеж за добра соработка со ЕУЛЕКС.
Тачи додава дека одлуките на Владата на Косово се засновани на моделот на ЕУ за воспоставување на законитоста и дека тие ќе им помогнат на Косово во евроинтеграциите.
„Нашите одлуки не се вперени кон никого и тие се во корист на сите граѓани на Косово. Србите кои живеат во тој дел, во северно Косово не се против редот и законот. Тие граѓани, 12 години биле заложници на криминалните структури и тие структири сега ќе се соочат со правда, ред и закон,“ изјави Тачи.
Тој нагласи дека по ниедна цена нема да има поделба на Косово