Неколкумина убиени на протестите во Сирија

Сириски активисти за човекови права јавуваат дека десетици илјади демонстранти учествувале на денешните протести против режимот на претседателот Башар ал Асад. Активистите додаваат дека безбедносните сили стрелале врз демонстрантите во Дамаск, при што имало десетина загинати. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон го обвини сирискиот режим за убиство на 2 илјади луѓе од почетокот на протестите кон средината на март.