Сириските безбедносни сили во текот на ноќта убиле најмалку шест демонстранти во неколку делови на земјата, соопштуваат активистите зa човекови права. Во последните операции на владините сили да ги задушат протестите против претседателот Башар ал Асад во градот Хама биле убиени повеќе од 100 луѓе.
Синоќа Советот за безбедност на ОН издаде соопштение во кое го осуди крвавото задушување на антивладините протести и кршењето на човековите права. Сепак соопштението на Советот за безбедност нема иста тежина како резолуцијата за осуда која е правно-обврзувачки документ.